
Лидерот Шкупи денеска (16 часот) гостува во Битола и ќе атакува на нова победа против Пелистер, која на крајот од 28.коло би можела на тимот од Чаир да му донесе и титула, доколку се поклопат и останатите резултати. Чаирчани имаат 13 бода предност во однос на конкурентите Шкендија и Академија Пандев, кои своите натпревари ќе ги играат утре.
Денеска во Првата македонска фудбалска лига се играат три натпревари, поради настапот на Македонија ЃП, Пелистер, Струга ТЛ во полуфиналето од Купот на Македонија на 20. април.
„Работевме напорно изминатава седмица, подготвени сме и во клубот владее одлична атмосфера. Знаеме дека нема да биде лесен натпревар во Битола, но ние сме фокусирани и одиме на победа“, најави Бразилецот Игнасио Куевен.
Интересно ќе биде во Ѓорче Петров, каде Македонија ЃП ќе го пречека Работнички. „Лавовите“ се во трка за пласман во Европа, додека „романтичарите“ исто така имаат позитивна низа откако кормилото го презеде Стојан Игнатов.
Во Велес, Борец ќе ја пречека Струга ТЛ. Гостите посакуваат триумф на овој меч.
„Го респектираме противникот, но Струга ТЛ оди на победа на овој натпревар. Се надевам дека ќе успееме да ги освоиме трите бода“, вели Миклован Пере од Струга ТЛ.
Останатите натпревари од Првата лига се закажани за утре.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 28. КОЛО (денеска, 16 ч.)
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (утре, 16 ч.)
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ
РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
