Ливерпул се уште е во игра за сите четири трофеи оваа сезона. „Црвените“ веќе го освоија Лига купот на Англија, а се надеваат на титули во ФА Купот, Премиер – лигата и во Лигата на шампионите и имаат реални изгледи за тоа во сите натпреварувања. Во меѓувреме, раководството на клубот работи на подготовките за летниот преоден рок.
Откако беше договорено првото засилување, фудбалерот на Фулам, Жоао Карваљо, Ливерпул се фокусира на италијанскиот репрезентативец и член на Сасуоло, Доменико Берарди.
Крилниот напаѓач на Сасуоло ќе биде достапен во летниот преоден рок, а за неговиот трансфер треба да се издвојат околу 30 милиони евра.
За Берарди, покрај Ливерпул, интерес покажаа и Арсенал и Лестер од Премиер – лигата, како и италијанските великани Милан и Јувентус.
Доменико Берарди е во Сасуоло од 2015 година, а оваа сезона игра навистина импресивно, постигна 14 гола на 28 натпревари и забележа исто толку асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













