
Фреди Ринкон (55), легендарниот колумбиски фудбалер, загина во сообраќајна несреќа два дена по сударот во неговиот роден град Вале Де Каука, потврдија од болницата каде што бил пренесен по несреќата.
Ринкон, играч од средниот ред кој покриваше повеќе позиции, играше од 1988 до 2004 година за јужноамериканските и европските гиганти: Санта Фе, Америка Кали, Палмеирас, Наполи, Реал, Коринтијанс, Сантонс и Крузеиро. Со Америка освои две титули на Колумбија, со Палмеирас една бразилска, додека со Коринтијанс две бразилски титули и првото клупско Светско првенство 2000 година.
За репрезентацијата на Колумбија, тој играше на три Светски првенства, одигра 84 натпревари и постигна 17 гола, вклучувајќи го и „најважниот гол во историјата на колумбискиот фудбал“, како што неговата земја го нарекува прекрасниот и историски гол против Германија на Светското првенство во 1990 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski