
Работнички оствари две победи во низа откако Стојан Игнатов го презеде кормилото по заминувањето на Борче Христов од позицијата шеф на стручниот штаб. „Романтичарите“ беа поуспешни од Брегалница во Прилеп со 0-3 и од Тиквеш дома (1-0).
Игнатов вели дека не променил премногу во играта, туку едноставно низ разговор им објасни на фудбалерите дека секоја минутка во дресот на Работнички е многу важна и треба да се заслужи и да се одработи на вистински начин.
„Работнички е институција во македонскиот фудбал, клуб со голема традиција. Добро го знам тоа од периодот кога јас го носев овој дрес и бевме шампиони. Истото го барам и сега од фудбалерите. Треба да се даде максимумот, да се испочитува дресот на клубот што значи многу во оваа наша Прва лига, но и во европски рамки. Само така можеме да очекуваме напредок, но и да бидеме чесни пред себе дека сме одработиле најдобро што сме можеле. И сакам да им честитам на фудбалерите, затоа што беа максимално одговорни и дисциплинирани во играта на двата претходни натпревари против Брегалница и против Тиквеш. Но, тие победи се зад нас и сега сме фокусирани на следниот предизвик, дуелот против Македонија ЃП во Ѓорче Петров“, вели Стојан Игнатов.
Работнички в сабота ќе игра против Македонија ЃП во 28.коло од Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
