
Репрезентативната еуфорија заврши, сега погледите повторно се насочуваат кон домашното фудбалско првенство. Работнички и Струга Трим Лум денеска (15 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат 25.коло од Првата фудбалска лига.
И за двете екипи паузата поради настапите на националниот тим беше добредојдена да се опорават од поразите. Работнички има два порази во низа, на гостувањата кај Шкупи и кај Ренова, додека Струга Трим Лум е во непријатна серија од три порази по ред.
Тимот на Срѓан Захариевски загуби од Македонија ЃП и од Шкупи на домашен терен, а остана без бодови и на гости против Академија Пандев.
Работнички во пресрет на денешниот меч има еден бод (31) повеќе од Струга ТЛ на табелата.
Останатите натпревари се играат утре, а се среќаваат: Шкупи – Тиквеш, Академија Пандев – Скопје, Шкендија – Борец, Македонија ЃП – Пелистер, Брегалница – Ренова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
