Поради неопходна итна санација на теренот на Градскиот стадион во Штип, следните два натпревари како домаќин во Првата македонска фудбалска лига, ФК Брегалница ќе ги игра во Скопје и во Прилеп.
Санацијата и корекција на тревнатата подлога на стадионот во Штип е неопходна поради пропустите при поставувањето на теренот пред пет години. И покрај желбата за оддолжување на неопходните реконструкции, сепак истите се неопходни како теренот би бил максимално подготвен за натпреварот против Шкендија на 17 април.
Токму затоа, дуелот од 25. коло против Ренова в недела (03. април) од 15 часот Брегалница ќе го игра на теренот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, додека натпреварот од 26. коло против Работнички во среда (6. април) ќе се игра на Градскиот стадион во Прилеп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













