Првиот човек на ФИФА, Италијанецот Џани Инфантино, вели дека му се плаче што неговата Италија нема да биде дел од Светското првенство, но даде многу пофалби за Македонија која направи сензација во Палермо и зошто фудбалот е најубавата игра.
„Како фан на фудбалот, искрено, ми се плаче што Италија нема да игра на мундијалот. За сите Италијанци тоа е многу тажно, ова е втор мундијал по ред на кој нема да играат. Дури и да се пласираат на следниот, тоа ќе значи дека ќе играат на Светско првенство после цели 12 години. Тоа е неберојатен шок за таква фудбалска велесила. Но, затоа е фудбалот толку убав, а Македонија покажа дека секој може да се надева на успех и да верува во своите квалитети“, истакна Џани Инфантино на Конгресот на ФИФА во Катар.
Вечерва, од 18 часот, ќе биде одржан и ждребот на групите за Светското првенство во Катар.
Во Доха, на Конгресот на ФИФА е присутна и делегација на ФФМ предводена од претседателот Муамед Сејдини, заедно со потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Филип Поповски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski