
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се чувствува горд што успеа заедно со соиграчите од националниот тим да предизвика еуфорија кај македонските фанови по триумфот над европскиот првак Италија. За жал, Македонија се сепна на последната пречка во баражот за пласман на мундијалот, откако загуби од Португалија со 2-0, на „Драгао“ во Порто.
„Бевме многу блиску, имавме голема шанса да одиме на мундијалот во Катар. Дојдовме на еден чекор до СП и навистина е штета што не успеавме. Немам впечаток дека Португалија комплетно не надигра, но секако дека и тие заслужија да се пласираат на Светското првенство. Од друга страна, ние сме горди на се она што го направивме, посебно на победата против Италија. Тоа предизвика голема еуфорија кај македонските фанови“, изјави Адеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
