
МАКФУДБАЛ во Порто,
Македонија не успеа да го исполни сонот за пласман на Светското првенство. Мора да се признае дека Португалија беше подобра, а Бруно Фернандеш стави крај на нашите надежи. Сепак, едно е кристално јасно, фудбалерите го дадоа максимумот и го направија горд секој еден Македонец.
Стрелецот од Палермо, Александар Трајковски, вели дека чекор по чекор, посилни за ова искуство Македонија ќе се развие во уште една посилна селекција.
„Бевме блиску до нешто големо, сакавме да победиме, дадовме се од себе, но тоа не беше доволно. Ние сме сигурни дека сме одлична група, тим која се бори за единствена цел. Чекор по чекор ќе станеме уште посилни од порано, секогаш трудејќи се да бидеме подоби. Горди на овој тим! Напред, Македонија засекогаш!“, истакна Трајковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
