МАКФУДБАЛ во Порто,
Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби финалниот бараж натпревар од Португалија со 2-0. Двоен стрелец беше Бруно Фернандеш.
Капитенот на македонскиот национален тим, Стефан Ристовски, признава дека сепак Португалците беа подобри и заслужено ќе патуваат на мундијалот.
„Португалија беше подобра и честитки за триумфот. Беше отворен натпревар, но Португалија доминираше. Мораме да заминеме одовде со кренати глави. Никој не веруваше во едно вакво убаво доживување за Македонија. Горд сум на оваа група момци и на мојата земја, бидејќи го изненадивме светот на фудбалот. Ќе работиме и ќе продолжиме да веруваме“, изјави десниот бек.
Тој вели дека примивме гол кога бевме рамноправни на теренот.
„Примивме гол кога се отворивме малку повеќе, но кога играш против вакви големи селекции и ќе грешиш, тогаш страдаш. Имаат играчи како Бруно Фернандеш и Роналдо кои ретко простуваат“, истакна Стефан Ристовски.
Тој сега ќе навива за Португалија на мундијалот.
„Да, ќе навивам за Португалија, бидејќи се чувствувам малку Португалец. Мојот син е роден овде. Ќе бидам среќен ако Португалија го освои Светското првенство“, изјави капитенот на македонскиот национален тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski