МАКФУДБАЛ во Порто,
Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби (2-0) од Португалија финалниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар. И покрај големата желба, сепак, квалитетот беше на страната на Португалците, а овојпат разликата ја направи Бруно Фернандеш, кој беше двоен стрелец на „Драгао“.
Селекторот Благоја Милевски вели дека е горд на тоа што го одиграа македонските фудбалери на овие два натпревари, а пресудиле индивидуалните грешки на дуелот во Порто.
„Треба да бидеме горди на момците. Честитки за Португалија за победата и за пласман на Светското првенство. Не сум задоволен од денешнио резултат, го загубивме ова финале, но задоволен сум од тоа што го прикажаа фудбалерите на овие два натпревари. Тие во себе носат голем потенцијал и на добар пат се да се приближат до најдобрите во Европа. Јасно е, ние се уште не сме во елитата, мораме уште многу да работиме. Сакав да ги оддалечиме Португалците од нашиот гол и мислам дека успеавме во тоа. Но, имавме индивидуални грешки, можеби и во најдобрите наши периоди, а тоа Португалија знаеше да го искористи. Грешките се составен дел од играта, но и после тие грешки ние не паднавме. Мислам дека бевме достоен ривал и овие натпревари со европски велесили треба да ни помогнат да се доближиме до врвот“, изјави Благоја Милевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













