Connect with us

Португалците водат на полувреме во Порто: Бруно Фернандеш казни една наша грешка

МАКФУДБАЛ во Порто,


Фудбалската репрезентација на Македонија губи со 1-0 од Португалија по првото полувреме на „Драгао“, во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар. Бруно Фернандеш, по проигрување од Кристијано Роналдо, во 32. минута успеа да ја затресе мрежата на Македонија.
Во 14.минута, првата посериозна шанса ја имаше Кристијано Роналдо. Доби топка во празно и шутираше веднаш со левата нога, но за малку крај голот на Димитриевски. Но, возврати веднаш и Македонија. Блокиран шутот на Алиоски, два корнери во низа, а потоа и опасен слободен удар за Барди. Сепак, без посериозен ефект.


Десет минути подоцна, Диого Жота се закани со удар со глава по корнерот на Бруно Фернандеш, но, за среќа, не беше доволно прецизен.


Трета – среќа за Португалците, во 32.минута. Загубивме топка на средината на теренот, Роналдо брзо го проигра Бруно Фернандеш, а тој од 14 метри со прецизен удар го совлада Столе Димитриевски. По ова, и Диого Жота имаше нова шанса, но не беше прецизен.

БАРАЖ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА (1-0)
Стадион „Драгао“. Гледачи: 50.000. Судија: Ентони Тејлор (Англија). Стрелци: Фернандеш 32′ (Португалија)
ПОРТУГАЛИЈА: Коста, Кансело, Пепе, Данило, Нуно Мендеш, Бруно, Бернардо, Мутињо, Отавио, Жота, Роналдо.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Адеми, Барди, Костадинов, Елмас, Трајковски, М. Ристовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови