
Францускиот гигант Пари Сен Жермен има разочарувачка сезона, откако доживеа елиминација од Реал Мадрид на стартот од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Тоа предизвика огромно незадоволство во Париз, а денеска пристигна информација дека ПСЖ нема да застане на патот на заминувањето на најголемите ѕвезди Лео Меси и Нејмар, но под еден услов. Понудите за нив треба да бидат финансиски задоволителни за клубот од Париз.
ПСЖ има уште една разочарувачка сезона, испадна во осминафиналето од Лигата на шампионите, иако имаше два гола предност на половина час пред крајот и сето тоа го прокоцка со три примени гола.
Титулата во Лига 1 не е доволна, па Маурисио Покетино ги пакува куферите, а познато е дека сигурно си заминуваат и Килијан Мбапе, Анхел Ди Марија, веројатно и Икарди и Дракслер.
Сега пристигнува сензационална вест дека ПСЖ ќе ги слушне понудите и за Меси и за Нејмар, а доколку бидат задоволителни, нивната продажба не е невозможна. Бројките не се споменуваат, но доволна е потенцијалната намера на ПСЖ да ги продаде, иако оваа информација сепак треба да се земе и со резерва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
