
Реал Мадрид се подготвува за револуционерен летен преоден рок. Флорентино Перез неколку години нема доведено ѕвезда од светски калибар на „Бернабеу“, но се чини дека сега е решен да ангажира неколку спектакуларни имиња одеднаш.
Килијан Мбапе е речиси договорен да дојде во Мадрид по завршувањето на сезоната ако слободен агент, Флорентино Перез ги брои парите и за Ерлинг Халанд, а шпанските медиуми најавуваат уште еден спектакуларен трансфер. Но, тој би се реализирал во летото 2023 година.
Англискиот вундеркинд Џуд Белингам, кој го носи дресот на Борусија Дортмунд, треба да биде уште една голема аквизиција за „кралевите“.
Реал, во 2023 година, планира на „Сантијаго Бернабеу“ да го донесе играчот кој ќе го замени Лука Модриќ. Хрватот и наредната сезона ќе го носи дресот на Реал, а потоа веројатно ќе ја заврши кариерата. Белингем има 18 години, а во Борусија Дортмунд дојде од Бирмингем во 2020 година за 25 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
