Connect with us

Десет години потоа: Стефан и Стефан пак против Роналдо, сега во борба за Светско првенство!

МАКФУДБАЛ во Порто,

Стефан Ристовски сега е капитен на репрезентацијата на Македонија и ја предводи во обидот да направи нова сензација во светот на фудбалот и да се пласира на Светското првенство во Катар. Во селекцијата е и Стефан Спировски. Тие двајца беа дел од националниот тим и пред една деценија, кога Македонија одигра 0-0 против Португалија.

Од тој тим на Португалците, се уште во репрезентацијата се капитенот Кристијано Роналдо и искусниот фудбалер од средниот ред, Жоао Мутињо.

Тогаш двете селекции играа пријателски натпревар во Леирија, а сега влогот е многу, многу поголем. Огромен. Кој ќе победи – оди на мундијалот во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови