
МАКФУДБАЛ во Порто,
Поранешниот македонски селектор Љубинко Друловиќ во блесокот на кариерата го носеше дресот на Порто. Србинот во периодот од 1994 до 2001 година одигра 225 натпревари на „Драгао“ и постигна 40 гола. Потоа играше и за Бенфика, а во пресрет на големата пресметка меѓу Португалија и Македонија за пласман на СП во Катар, на барање на португалските медиуми направи анализа на македонскиот национален тим.

Тој вели дека Македонија воопшто не е наивен тим, а Португалците посебно треба да внимаваат на Елиф Елмас.
„Македонија, според звучноста, можеби делува како скромен тим, но не така. Имаат неверојатно силен тимски дух и работат напорно во текот на целиот меч. Имаат фудбалери кои играат во Шпанија и во Италија, а фантастично се поврзани и со селекторот, кој ги познава од многу млади. Можеби Македонија не е европска велесила, но е многу непријатен ривал за секого, а ќе биде и за Португалија. Одлично се бранат, опасни се при контранападите, брзо се трансформираат.
Португалија ќе се соочи со мотивиран тим кој нема што да загуби, а посебно внимание треба да се посвети на Елиф Елмас. Фудбалерот на Наполи е опасен, може да и направи многу проблеми на Портуалија. Посебно е опасен доколку влезе во соло акција од левата страна. На голот е одличен Столе Димитриевски, а лидери на тимот се и Стефан Ристовски, Езгјан Алиоски, но пред се и Аријан Адеми и Енис Барди. Тој е одличен шутер на слободни удари“, анализираше Љубинко Друловиќ за португалските медиуми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
