
Тихомир Костадинов и Елиф Елмас се враќаат во ростерот на Благоја Милевски за финалниот бараж дуел против Португалија на „Драгао“ во вторник. Со нив средниот ред сигурно ќе биде многу посилен, а Костадинов го пренесува оптимизмот во националниот тим.
„Има уште еде голем натпревар. На половина пат сме, имаме уште 90 минути за пласман на Светското првенство. Подготвени сме да вложиме максимум за да успееме да го повториме тоа што се случи во Палермо. Португалците се можеби и подобри индивидуалци од Италија, а секако дека ние ќе го имаме истиот мотив, желба и пожртвуваност. Верувам во овие момци, по успехот во Палермо, зошто да не го повториме тоа и во Порто“, изјави Тихомир Костадинов.
Фудбалската репрезентација на Македонија попладне заминува за Порто, каде во вторник ќе ја има финалната пресметка за пласман на мундијалот во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
