
Висар Муслиу одигра одличен натпревар против Италија во Палермо, заслужи место и во најдобриот тим на првите баражи, заедно со Столе Димитриевски, а порачува дека тој и соиграчите не признаваат фаворити.
„Сите погледи сега ни се кон Португалија. Мора да се потрудиме многу, знаеме дека ова е можеби шанса која ќе ја имаме еднаш во животот. Мора да дадеме максимум и да се потрудиме да победиме, па така ќе испишеме нова историја за нашиот фудбал. Секој нов меч е различен од претходниот, но знаеме дека не очекува еден многу тежок меч, со голем психолошки притисок. Португалија е фаворит на хартија, сите го велат тоа. Но, ние не мислиме така. Знаеме за каков квалитет се говори. Италија исто имаше квалитет како европски првак, па така сметам дека и ние не сме без шанси во финалето“, изјави Висар Муслиу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
