
Фудбалската репрезентација на Македонија е веќе фокусирана на новиот предизвик, последната пречка за пласман на СП, дуелот против Португалија во Порто во вторник.
Стефан Ашковски најавува голема борба и на мечот со Португалците.
„Сигурно е дека емоциите слегнуваат полека од тој меч со Италија и сега ни следува дуел со Португалија. Се надеваме дека ќе одиграме добро, ќе дадеме сè од себе да го израдуваме нашиот народ и себеси. Убеден сум дека можеме многу. Околу квалитетот не би сакал да говорам, Португалија е одлична репрезентација, на сличен квалитет како Италија. Се надевам на уште подобар меч од оној во Палермо. Противникот има добри индивидуалци, ама во фудбалот денес поважен е тимот. Исто и Италија имаше одлични индивидуалци, ама како тим не делуваа многу сплотени“, изјави Ашковски.
Македонскиот национален тим утре патува за Порто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Сити подготвува понуда за Родриго
