На Италијанците им го одземавме мундијалскиот сон, но тие се сепак спортски џентлемени. Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, му испрати специјална честитка на Муамед Сејдини, првиот човек на македонскиот фудбал, во која посакува да ја победиме и Португалија.
„Драг пријателе Муамед,
Дозволете ми да ви честитам за големото постигнување кое предизвика огромна возбуда кај луѓето во вашата земја. Видеата од прославата во Скопје се доказ за тоа. Можете да бидете горд како предводник на фудбалското движење и сигурен сум дека овој натпревар ќе претставува големо достигнување во историјата на спортот во вашата земја.
Дозволете ми да и посакам на Македонија се најдобро на мечот во Порто. Можна е една незаборавна ноќ“, се вели меѓудругото во писмото што Габриеле Гравина го испрати до Муамед Сејдини.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski