
Фудбалските херои пристигнаа во Македонија со скалпот на европскиот првак. Повеќе од 3.000 фанови ги пречекаа на „плоштадот Македонија“ во Скопје и ги поздравија со овации и аплаузи, поклонувајќи им се за огромниот успех што го направија со триумфот над Италија (0-1).
Сега следува најголемиот предизвик, дуелот против Португалија во Порто во вторник. Тоа е последната пречка на патот кон мундијалот.
„Сакаме да ви се заблагодариме на поддршката. Имаме уште еден натпревар до Светско првенство и ветуваме дека ќе го дадеме максимумот, исто како и вчера“, истакна капитенот Стефан Ристовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal