
Пол Погба е една од најжешките теми на било кој трансфер прозорец веќе неколку години. Манчестер Јунајтед од него не го доби она на што се надеваше, а многу европски фудбалски великани изразија отворен интерес за 29-годишниот француски играч за врска.
Погба даде интервју во кое јасно го изрази своето незадоволство од Манчестер Јунајтед.
„Морам да бидам искрен, не бев среќен во последните пет сезони. Всушност, воопшто не сум среќен“, започна Погба во интервју за „Фигаро“. „Без разлика дали во Јунајтед или друг клуб, сакам да освојувам трофеи“.
Погба го критикуваше и тренерот на клубот Ралф Рангник.
„Лесно е да се игра во репрезентацијата. Јас сум на мојата позиција, ја знам мојата улога и ја имам довербата на моите соиграчи и на селекторот. Секако дека го немам тоа во Јунајтед ,” додаде Погба, и објасни:
„Немам континуитет бидејќи пречесто се движам од позиција на позиција во системот. Целиот тим често го менува системот и јас секогаш играм со некој друг во средниот ред. Тешко е да се задржи нивото на форма во таква ситуација. Со селекторот Дешамп се согласувам многу добро, тој ми даде улога што ја знам, но дали навистина имам улога во Манчестер Јунајтед? Самиот си поставувам прашање, но немам одговор“, заклучи светскиот шампион кој одигра 16 првенствени натпревари за Манчестер Јунајтед оваа сезона.
Тој исто така рече дека некое време се борел со депресија.
„Понекогаш не знаете дека сте депресивни, само сакате да се изолирате, да бидете сами, тоа се несомнени знаци. Лично, тоа започна кога бев со Жозе Мурињо во Манчестер. „Мојот психијатар може да ми биде најдобар пријател, исто и жена ми или син ми“, заклучи Погба.
Договорот на Погба истекува на крајот на јуни, а ваквите изјави се речиси сигурен знак дека од следната сезона ќе го гледаме во поинаков дрес. Една од опциите кои најчесто се споменуваат е враќање во Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
