
МАКФУДБАЛ во Палермо
Европскиот првак Италија е првата пречка на Македонија на патот кон Светското првенство во Катар. Селекторот на Италија, Роберто Манчини, вели дека Македонија воопшто не е лесен ривал и неговата селекција ќе мора да даде максимум за да се пласира во финалниот бараж натпревар.
„Македонија има одличен тим, тие успеаја да ја победат и Германија на гости со 1-2. Тоа доволно говори за каков противник се работи. Ова е бараж, повторно велам дека не требаше да сме тука, туку директно мораше да одиме на мундијалот, но сега сме подготвени да ја завршиме работата. Очекувам да добиеме поддршка од фановите во Палермо и да победиме. Дури потоа ќе размислуваме за тоа што ќе не очекува во финалето од баражот“, изјави Роберто Манчини на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот дуел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез нема да остане во Интер Мајами

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
