
Европскиот првак Италија ги почна подготовките за дуелот против Македонија в четврток во баражот за пласман на Светското првенство. Селекторот Роберто Манчини истакна дека ги повикал најдобрите што Италија ги има во овој момент и се достапни за игра, а верува дека неговата селекција ќе обезбеди пласман на мундијалот во Катар.
„Целта на Италија е да стане светски првак. После европската титула, следната цел која си ја поставивме е да се обидеме да стигнеме до светската круна. И ништо не е променето, иако мораме по потешкиот пат да стигнеме до СП во Катар. Верувам во оваа селекција и во квалитетот на фудбалерите, ги повикав најдобрите кои се достапни во овој момент затоа што не е време за експерименти. Прва пречка ни е Македонија и ние максимално ќе се подготвиме за дуелот в четврток. Верувам во победа, а потоа треба да победиме и во финалето на плејофот за да се пласираме на Светското првенство. Ние сме Италија и имаме квалитет за тоа. Јас верував дека можеме и до европскиот трофеј кога речиси никој друг не веруваше“, истакна Роберто Манчини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
