Connect with us

Бојку: Можеме да го победиме Шкупи

Струга Трим Лум утре (15 часот) го пречекува Шкупи во воведниот натпревар од 24.коло во Првата фудбалска лига. Домаќините се надеваат дека можат да го изненадат лидерот на табелата, а оптимизмот го потенцира играчот за врска, Бесмир Бојку.


„Сигурно дека ќе биде тежок натпревар, очекуваме силен тест со една од екипите што е во голема форма во нашето првенство. Изминативе денови ги анализиравме нивните силни страни и се надеваме дека успешно ќе ги спречиме и дека на крајот ќе излеземе како победници на натпреварот”, изјави Бесмир Бојку.

Шкупи е првопласиран на табелата со 55 бода, додека Струга ТЛ се наоѓа на осмата позиција со 30 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови