
Струга Трим Лум и Шкупи утре (15 часот) го отвораат следното коло во Првата фудбалска лига. Лидерот на табелата има голема бодовна предност пред конкурентите, но тренерот Гоце Седлоски и фудбалерите немаат намера да попуштат во темпото.
„Во Струга ќе одиме на победа и за тоа воопшто не треба да се разговара. Тренираме напорно и максимално сме подготвени за да освоиме нови три бода. Досега веќе имаме потенцирано дека секој натпревар за нас ќе биде како финале. Струга има добар тим со квалитетни играчи, но ние сме Шкупи и одиме во Струга на победа“, изјави Фати Исмаили.
Шкупи се наоѓа на првото место на табелата со 55 бода, десет повеќе од Академија Пандев, односно единаесет позитива во однос на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski