
Данскиот селектор Каспер Хјулманд објави дека Кристијан Ериксен се враќа во националниот тим за пријателските натпревари против Холандија и против Србија. Девет месеци откако преживеа срцев удар на теренот на мечот меѓу Данска и Финска на Европското првенство, тој повторно ќе биде дел од репрезентацијата.
Ериксен колабираше на терен, а докторите едвај му го спасија животот. Но, сега тој почна втор фудбалски живот, потпиша за Брентфорд и веќе одигра два натпревари во Премиер – лигата.
„Ги следев неговите последни натпревари, против Барнли тој беше најдобар поединец на натпреварот. Можеби му недостига малку физичка сила, но квалитетот секако го поседува. Не се сомневам дека тој ќе биде уште подобар како што ќе одминува времето“, изјави данскиот селектор Каспер Хјулманд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
