
Аријан Адеми ќе се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за баражот со Италија за пласман на Светското првенство. Неговото присуство е од витално значење во селекцијата на Македонија со оглед дека Милевски поради суспензии нема да може да смета на Елиф Елмас и на Тихомир Костадинов.
Адеми почна со тренинзи со Динамо Загреб и се очекува да биде подготвен за настап за неделниот дуел против Славен Белупо во хрватското првенство. Ако се оди според планот, тој треба да биде „фит“ за да истрча во дресот на Македонија против Италијанците во Палермо.
Аријан Адеми не тренираше во изминатите две седмици поради повреда на бутниот мускул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
