Дерби пресметката од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига денеска во Чаир. Шкупи и Вардар, по претходните позитивни резултати, сега во директна пресметка за бодови.
Новиот стратег на Шкупи, Булент Акин верува дека неговиот тим може до позитивен резултат и од средбата со најтрофејниот македонски клуб, а верба во триумф носи и Бесар Исени.
„Факт е дека натпреварите со Вардар секогаш носат неизвесност. Добро го познаваме противникот кој има навистина добар тим. Но, ние сме подготвени за овој дерби дуел по кој верувам дека на крајот ќе постигнеме позитивен резултат и ќе славиме заедно со нашите најверни навивачи ‘Шверцерите’“ – вели Исени.
Шкупи за дуелот со Вардар нема да може да смета на суспендираните Марин Јурина и Филип Стојановски. Тренерот на Вардар, Александар Васоски ќе може да смета на сите расположиви сили.
ПРВА ЛИГА – 6. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР
Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА
Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Кратово: СИЛЕКС – БОРЕЦ
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal