Македонскиот репрезентативец Ристе Јанков по 16 години го напушта Работнички и почнува интернационална кариера. Тој заминува во Казахстан и ќе го брани голот на Каспиј, а испрати емотивна порака.
„Време е за нов предизвик. По 16 години го напуштам мојот втор дом. Сакам да се заблагодарам на раководството, на стручниот штаб, играчите и сите вработени што ми помогнаа да станам подобар човек и играч. Голема благодарност до сите поранешни тренери, соиграчи, кои ми даваа вистински насоки. Работнички, ти благодарам што му даде шанса на едно дете од „гетото“ да го живее својот сон. Во срце те носам“, напиша македонскиот голман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













