Работнички мисли на својата фудбалска иднина и секогаш вложува во сопствениот кадар од младинската академија. Најнов бисер од школата на клубот е Мартин Мисердовски кој потпиша професионален договор со Работнички, објави клубот од Дебар Маало.

„Работнички цврсто чекори по својот пат, да инвестира во сопствените млади таленти и да им нуди можност за промоција и просперитет. Потпишавме професионален договор со Мартин Мисердовски, кој веруваме дека ќе израсне во нов квалитетен фудбалер и во иднина не само што ќе го носи дресот на Работнички, туку и ќе изгради интернационална кариера“, изјави спортскиот директор на клубот, Горан Станковски.
Мартин Мисердовски и вториот дел од оваа сезона ќе го одигра како позајмен играч во второлигашот Каменица Саса, а потоа треба да се врати во сениорскиот погон на Работнички. Тој е син на поранешниот истакнат фудбалер Зоран Мисердовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













