Македонскиот прволигаш Брегалница ангажира квалитетно засилување од Србија. Нов член на штипјани е поранешниот фудбалер на Партизан и младински репрезентативец на Србија, Урош Дамњановиќ.
26-годишниот Дамњановиќ, ќе го засили средниот ред на тимот. Тој ги мина подготовките со Брегалница во Анталија.
„Среќен сум што доаѓам во амбициозен клуб како Брегалница. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на сите навивачи на клубот, во желбата и за постигнување на зацртаните цели во престојната сезона“, истакна Дамњановиќ по официјализирањето на договорот.
Урош Дамњановиќ потекнува од фудбалската школа на белградски Рад. Во својата кариера има настапувано и за Телеоптик, Партизан, Раднички Ниш и Радник во Србија, како и за словачкиот шампион Слован Братислава.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













