Македонскиот прволигаш Работнички се подготвува во Анталија и се надева дека ќе има многу поуспешна пролет. Тренерот Борче Христов го воигрува тимот, а голем проблем предизвика повредата на искусниот Арменд Алими кој заработи сериозна повреда на тетивата на левата нога и веќе е опериран. Квалитетното засилување нема да може да помогне во вториот дел од сезоната, па сега товарот ќе треба да падне на помладите.
Димитар Тодоровски ќе добие позначајна улога, Бразилецот Рафаел Гоес го стекна неопходното искуство во македонскиот шампионат, а тука е и новото засилување Арблин Зејнулаи како освежување за средниот ред. Тренерот Борче Христов треба да ги склопи коцките од мозаикот.






-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













