Суперталентот на Шкендија и на македонскиот фудбал, младиот напаѓач Дашмир Елези, е на чекор до трансфер во турскиот прволигаш Газијантеп. Преговорите се при самиот крај, но трансферот би се реализирал дури по една година откако Елези ќе стане полнолетен.
Газијантеп неодамна го купи Лука Станковски, одличниот играч за врска на Работнички, а Дашмир Елези заедно со него е најдоброто што доаѓа од Македонија во овој момент. Раководството на турскиот клуб го знае тоа и подготвено е да плати околу 500.000 евра.
Шкендија би добила и процент од следниот трансфер на Дашмир Елези, а тој уште една година би играл во тетовскиот тим, се додека не биде полнолетен за да може трансферот и официјално да се реализира.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













