
Италијанскиот првак Интер интензивно бара замена за Иван Перишиќ. Тој можеби ќе го напушти Милано и ќе се пресели во Челси, иако интересот од Томас Тухел за него е се послаб. Но, тренерот на Интер, Симоне Инзаги, сака до крајот на зимскиот преоден рок да го доведе српскиот репрезентативец Филип Костиќ кој настапува за Ајнтрахт Франкфурт.
Инзаги го гледа Костиќ како идеална замена за Перишиќ, чиј договор истекува следното лето. Сепак, германскиот клуб нема да го пушти Србинот за мала отштета. Интер е подготвен да плати 25 милиони евра и да го купи Филип Костиќ до крајот на јануари, но прашање е дали со тоа ќе се сложи раководството на Ајнтрахт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski