Суперталентот на Шкендија, младиот напаѓач Дашмир Елези, е следниот за кого се заинтересира турскиот прволигаш Газијантеп. Откако го купи Лука Станковски, раководството на Газијантеп сега се обидува да го ангажира и 17-годишниот Елези, кој игра одлично на пријателските натпревари на Шкендија оваа зима во Анталија.
Елези дури во ноември ќе наполни 18 години и дотогаш трансферот не може да се реализира, освен Газијантеп уште отсега да добие право на прв откуп за одличниот млад напаѓач.
Според одредени информации, Газијантеп е подготвен да плати 500.000 евра, а Шкендија бара речиси двојно повеќе за својот млад суперталент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













