Српскиот интернационалец Душан Влаховиќ го избра Јувентус. Како што пишува престижниот италијански весник „Газета дело Спорт“, српскиот напаѓач веќе се договорил со Јувентус.
Во Фиорентина сфатија дека ќе биде невозможно да го натераат Влаховиќ да се премисли. Тој ќе стане играч на Јувентус до крајот на јануари или најдоцна во јуни, а за Јувентус сонува уште од најраните играчки денови.
За реализација на зделката Јувентус треба да плати отштета од околу 60 милиони евра.
За Влаховиќ се интересираа и Арсенал и Атлетико Мадрид, но фудбалерот инсистира кариерата да ја продолжи во Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













