Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, соопшти радосна вест за навивачите на клубот. Тој потврди дека Тео Хернандез ќе потпише нов договор во наредните денови.
„Тео Хернандез ќе го продолжи договорот во следните неколку дена. Постигнавме договор, прашање на време е кога ќе потпишеме“, изјави Малдини.
Одличниот француски дефанзивец ќе потпише петгодишен договор и моментно е еден од клучните играчи во второпласираниот тим во Серија А.
Хернандез беше доведен од Реал Мадрид во летото 2019 година за само 15 милиони евра, а за „росонерите“ постигна четири гола и забележа пет асистенции оваа сезона на 18 натпревари.
Во Милано не сакаат повторно да им се случат Хакан Чалханоглу и Џанлуиџи Донарума, кои одбија нови договори и прејдоа во Интер, односно во ПСЖ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski