Работнички доведе уште едно засилување во зимскиот преоден рок. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Сантијаго Родригез (20), крилен напаѓач кој доаѓа од Каракас, најпознатиот клуб и актуелен вицепрвак на Венецуела. Тој потпиша договор и се приклучи на подготовките на тимот во Анталија.
За Сантијаго Родригез доаѓањето во ФК Работнички ќе биде прво интернационално искуство и предизвик да се наметне во европскиот фудбал.
Минатата сезона тој одигра 28 натпревари за тимот на Каракас и постигна пет гола. Каракас е клуб со 12 шампионски титули во првенството на Венецуела, а минатата сезона ја заврши на втората позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













