
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, повторно не ги дочека сите 90 минути на теренот, бидејќи на дуелот против Брентфорд, менаџерот Ралф Рангник реши малку порано да го повлече од игра.
Португалецот го напушти теренот во 71. минута и манифестираше голема фрустрација на патот кон клупата, па Рангник мораше да го откри целата ситуација по натпреварот.
„Зошто јас? Зошто ме извади?“, ги откри Германецот зборовите на Роналдо при напуштањето на теренот, а потоа ги објасни и причините за потегот.
„Го направив тоа за тимот. Го направивме истото за време на водството од 2-0 против Астон Вила и не сакавме да ја повториме истата грешка. Разбирам дека Роналдо е амбициозен, но ако е менаџер во иднина ќе го прави истото како мене по 75 минути“, рече Рангник по мечот што неговиот тим го доби со 1-3.
Германецот подвлече дека знае како размислува Роналдо и дека меѓу двајцата нема никакви проблеми.
„Тој излезе од повреда поради која не играше 10 дена. Ги имавме Рашфорд и Марсијал на клупата. Зошто да не ги искористиме!? Кога се врати во ритам, го ставив да биде стартер. Мојот прв приоритет е тимот да победи“, подвлече Рангник, чиј тим сега е на седмото место во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
