
Сопственикот на Челси, рускиот тајкун Роман Абрамович се подготвува за нови инвестиции во играчкиот кадар. Свесен дека на Барселона и ’гори под нозе’ и дека е во ситуација да ги продава своите играчи за да заработи, Абрамович решил да тргне по тројца играчи од каталонскиот тим.
Прво име на списокот на Абрамович, секако, на барање на менаџерот Томас Тухел, е играчот од средниот ред Френки Де Јонг. Ситуацијата со Холанѓанецот се промени оваа сезона и неговите игри се далеку послаби од минатата сезона.
Тухел би сакал таков играч во својот тим, а Челси е подготвен да плати 60 милиони евра за него.
Втор на листата е талентираниот Гави, кој има откупна клаузула од 50 милиони евра, која Челси е подготвен да ја плати. Договорот на овој 17-годишен талент со каталонците истекува во летото 2023 година, а Челси е подготвен да му обезбеди многу поголема плата од онаа што ја има на стадионот „Камп Ноу“.
Последниот играч на листата на Роман Абрамович е Сержињо Дест, кој не се вклопи во плановите на Чави, иако беше неприкосновен во мандатот на Роналд Куман. Барселона би барала 20 милиони евра, колку што и вложи во него кога го купи во 2020 година од Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
