
Англискиот премиерлигаш Барнли испрати понуда до хрватскиот Динамо Загреб за ангажман на Мислав Оршиќ, но раководството на „модрите“ ја одби понудата.
Барнли гледа потенцијално засилување во 29-годишниот Мислав Оршиќ, кој одигра одлични натпревари во европските купови против Тотенхем и против Вест Хем. Меѓутоа, како што стојат работите, Динамо не е задоволен од висината на понудата.
Хрватските медиуми откриваат дека ова не е првпат да дојде барање од Англија за Оршиќ. Во минатото и ВБА, додека го предводеше Славен Билиќ, испрати конкретна понуда од околу 11 милиони евра, која беше одбиена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
