
Раководството на Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе преговараат за нов, краткорочен договор, објавија француските медиуми.
Мбапе е јасен во намерите – не сака долги години да биде врзан за Пари Сен Жермен.
Иако беше извесно дека Мбапе ќе потпише преддоговор со Реал Мадрид по дуелот меѓу „светците“ и „кралскиот клуб“ во Лигата на шампионите, можно е тоа да не се случи доколку ПСЖ го убеди Килијан да остане на „Паркот на принцовите“ уште најмалку две сезони.
Во сето тоа клучна улога би можел да има Зинедин Зидан, кој се најавува како нов стратег на ПСЖ, а и самиот Мбапе во неколку наврати изрази голема почит кон поранешниот француски волшебник со топката.
Така, плановите на Реал Мадрид, кои практично веќе го гледаа во бел дрес, целосно би биле уништени, а за сето тоа би можеле да му „заблагодарат“ на својот поранешен играч и тренер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
