
Италијанскиот стратег Антонио Конте поставил ултиматум до раководството на Тотенхем. Тој бара неколку засилувања, а доколку не ги добие, можно е дури и да дојде до разделба.
Фудбалерите на Тотенхем се плашат дека Италијанецот би можел да ја напушти клупата овој месец, доколку Даниел Ливи не го исполни летното ветување и не го засили тимот.
Самиот менаџер премолчено ги отпиша Деле Али, Доерти, Винкс, Родон, Брајан Хил, сака да го продаде Ндомбеле, а Бергвајн би можел да го напушти клубот, доколку биде прифатена понудата на Ајакс.
Јасно е дека Конте сака да го смени тимот во јануари, тој ги предупреди директорот Паратичи и претседателот Леви дека без засилувања клубот од Лондон нема што да бара во борбата за Топ 4 и дека ако не влезе во Лигата на шампионите ќе се зголеми уште повеќе јазот во однос на други клубови.
Конте потпиша договор на само 18 месеци и тврди дека треба да заслужи нов со добри резултати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
