Академија Пандев го совлада актуелниот првак Шкендија со 0-1, со голот на Марио Маслаќ во 45.минута од мечот. Тренерот Југослав Тренчовски вели дека неговиот тим одигра беспрекорен меч на тактички план, а успеа и да ги искористи слабостите во играта на Шкендија.
„Мора да се биде задоволен, ако се слави против Шкендија во Тетово. Тоа не е воопшто лесно. Се надевам дека вака ќе продолжиме и во продолжението од првенството. Одигравме натпревар на високо ниво, тркачки добро париравме, бевме организирани во дефанзивата, успеавме и да постигнеме победнички погодок“, истакна тренерот на Академија Пандев.
Академија Пандев има 21 бод, еден повеќе од Вардар кој денеска и гостува на Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













