Интер е победник во Суперкупот на Италија откако по продолженија го совлада Јувентус со 2-1. Стрелец на победничкиот гол беше Алексис Санчез во 120.минута од натпреварот. Кога сите очекуваа изведување пенали, Чилеанецот ја искористи грешката на Алекс Сандро во шеснаесетникот на „старата дама“ и постигна гол за триумф.
Вестон Меккени во 25.минута го доведе Јувентус во водство, но израмни Лаутаро Мартинез од пенал во 34.минута од дуелот. „Нероаѕурите“ имаа уште неколку шанси, но мечот влезе во продолженија, а упорноста на Алексис Санчез на крајот беше пресудна за Интер да стигне до шестиот трофеј во ова натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal