Connect with us

Баерн Минхен го „врза“ Коман до 2027 (ВИДЕО)

Кингсли Коман останува во Баерн Минхен до 2027 година објави денеска клубот. Актуелниот договор на Коман беше до 30. јуни 2023 година.

25-годишниот играч го облече дресот на германскиот шампион во 2017 година доаѓајќи на двегодишна позајмица од Јувентус.

Со Баерн испиша историја постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година против ПСЖ.

– Многу сум среќен бидејќи Баерн е еден од најдобрите клубови во светот и знам дека сè уште имаме многу можности и големи цели овде. Мојата најголема цел е повторно да ја освојам Лигата на шампионите, овојпат посакувам тоа да биде заедно со нашите навивачи – рече Коман за клупскиот сајт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови