Connect with us

Иско подготвува „одмазда“ за Реал: На лето ќе направи трансфер во Барселона

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско Аларкон, на лето ќе се пресели во големиот ривал Барселона. Оваа интересна вест ја пренесува Едуардо Инда, новинар на „Ел Чирингито“.


Иско подолг период е во втор план во „кралскиот клуб“, а тренерот Карло Анчелоти му порача дека може да си пронајде друга средина доколку не сака да седи на клупата за резерви.

Иско подготви „одмазда“ и на лето ќе се пресели на „Камп Ноу“ како слободен агент. Наводно, шпанскиот репрезентативец веќе има постигнато устмен договор со тренерот Чави Хернандез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови