Пари Сен Жермен е убедлив лидер во Лига 1, но дојде до конфликт меѓу дел од играчите и тренерот на тимот, Маурисио Покетино. Ѕвездите не се задоволни од методите на работа на аргентинскиот стратег, тврди „Ле Паризиен“.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, веќе е во преговори со раководството на ПСЖ за да ја преземе функцијата по завршувањето на сезоната.
Во исто време, Маурисио Покетино би можел да се врати во англискиот шампионат. Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на Аргентинецот.
Пред неколку дена голем број француски медиуми објавија дека Покетино сигурно ќе си замине на лето, а треба да го наследи Зинедин Зидан, кој моментно е без ангажман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













