Англискиот репрезентативец Џеси Лингард е на излезна врата од Манчестер Јунајтед и би можел да се пресели во Тотенхем. Англиските медиуми објавија дека Антонио Конте не е задоволен од Деле Али и Џовани и од Ло Селсо и во средниот ред би сакал да го доведе Лингард.
Тој е во последната година од договорот, во јуни ќе биде слободен агент, па би можел да дојде уште сега во Тотенхем за минимално обештетување.
Лингард не играше оваа сезона, ниту со Солскјер, ниту подоцна со Ралф Рангник, па ваквата негова одлука не е изненадување.
Лингард експлодираше кога замина на позајмица во Вест Хем минатиот јануари, постигнувајќи девет гола на 16 натпревари и додавајќи пет асистенции, а по враќањето на „Олд Трафорд“ повторно падна во втор план.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













